понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 52 ново

Тони Наумовски прогласен за најдобар актер на фестивалот „Синема фест“ во Монтана

Актерот Тони Наумовски за улогата во Chicken Killer, е добитник на награда за најдобар актер на фестивалот Синема фест во Монтана.

Toj е еден од највредните актери во Њујорк, игра на филм, телевизија, театар. Веќе 15 години Наумовски живее во Њујорк. Изминатиот период гледачите имаа можност да го гледаат во телевизиската серија  „На терапија“, каде го играше ликот на Владо.

-Имав шанса да изградам многу длабок и комплексен лик. Тоа е сон на секој актер и голем предизвик истовремено. Такви шанси се случуваат многу ретко, што велат овде во Америка, можеби, еднаш на десет години. На многу одлични актери, за жал, никогаш и не им се случуваат-вели Наумовски за Факултети и додава, вели Тони.

– Низ годиниве во мојата кариера сум имал привилегија да творам на осум јазици, но нема ништо помоќно и подлабоко да се поврзеш со коренот на твоето постоење, додава актерот.
Роден во Австралија, детството и средното училиште ги поминал во Битола. Зад него се стотина театарски, телевизиски и филмски улоги. Игра и во филмот Run all night со Лиам Нисон во главната улога, во серијата Daredevil и многу други.
За приказната како започнал да се занимава со актерство вели-
– Пораснав со музика. Потекнувам од семејство на музичари и пејачи. Пеев и свирев тапани од мали години. Желбата беше џез-академијата „Беркли“ во Бостон или во Лондон. Но, еден ден во средно бев поканет да играм една сосема мала улога со театарската група „Талија“ во Битола. Тоа беше пресуден момент во мојот живот да се одлучам за актерство. Патот ме однесе во Софија, каде што во 2000 година дипломирав на Националната академија за театар и филм, во класата на легендарниот актер Стефан Данаилов. Потоа магистрирав на Австралиската академија при Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј. Во 2004 година добив стипендија од Ана Стразберг преку Универзитетот на Њујорк за едногодишна специјализација на Институтот „Ли Стразберг“ во Њујорк. И, еве ме, веќе 15 години како го живеам сонот на многу актери.
Наумовски беше дел и од „Ова не е американски филм“, „Медена ноќ“ и други.

-Секогаш ми значи кога работам на мајчин јазик и се радувам на секој тамошен ангажман. Отворен сум за соработка во секое време. Ја следам нашата филмска продукција колку што можам и колку што ми дозволува времето. Ме радува кога ќе чујам за успесите на наши филмови и на моите колеги-вели Наумовски.

Позади него се над 100 тина улоги на филм или театар. Игра во мјузиклот From Here To Eternity , ТВ-серијата Big Dogs, во која зборува на пет јазици (полски, романски, руски, бугарски и, се разбира, англиски),
тука е и премиерата на претставата My swollen feet на фестивал во Њујорк, каде ја игра  главната улога.
Паралелно со ова, е дел од четири краткометражни филмови во кои игра главни улоги, а се примени на неколку светски филмски фестивали. Има и неколку други театарски и филмски проекти во развој.

 

извор: tera.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top