вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 80 ново

Промовирана македонската евровизиска песна (Видео)

Lost and Found е песната која ќе нè претставува на годинешниот избор за најдобра песна на Евровизија.

Бендот Eye Que за првпат ја промовираше избраната песна денес, на 11 март, точно во 19.30 часот во Дневикот на МТВ1.

Музиката и текстот за песната ги напиша фронтменот на Eye Que, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.

Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар, односно т.н. one shot спот. Евросонг 2018 ќе се одржи во мај во Лисабон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top