среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Новиот клинички центар ќе се гради на нова локација

Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани.

Новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, а не на местото на сегашниот, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани.

Одлуката за дислокација, наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите , архитектите и граѓаните.

Сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита.

Филипче посочи дека постојат одредени финансиски обврски согласно претходно потпишаниот договор за изградба на Клиничкиот центар, но оти Владата ќе се обиде да се договори ново решение и да не се плаќаат пенали.

Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top