понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот

 

Катица Јанева во својата денешна изјава за медиумите вели дека покренува истрага против пајакот во случајот дивоградба спроти американска амбасада, за која што слушнавме од разговорот објавен во „бомбите“ на лидерот на СДСМ кој се води помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Бекир Асани. Во „бомбата“ тие разговараат за уривање на дивоградба спроти американската амбасада во Скопје.

По спроведената истрага, Јанева открила дека Асани не бил тој кој се противел на рушењето на зградата, туку дека тоа бил пајакот. Јанева изјави, а од СЈО потврдија дека против пајакот ќе биде поткренато обвинение. Бидејќи според досега утврденото во истрагата, тој ја ја изградил дивоградбата и не давал истата да биде срушена.

Инаку во врска со овој случај побара од општина Чаир комплетна документација за дивоградбата. Општина Чаир потврди дека во општината имала инспектори на СЈО. Преку соопштение информираше дека СЈО побарала детали за објект спроти американската амбасада за кој се сомневале дека е изграден без дозвола. Постојат сомнежи дека тој е сопственост на функционер на ДУИ.

– Во врска со објектот кој се наоѓа спроти американската амбасада во Скопје, конкретен предмет за кој СЈО е заинтересирано, детално ги информиравме претставниците од СЈО за постапката дека објектот не е во надлежност на општината бидејќи за него постои судски предмет, соопштија од Општина Чаир.

Пајакот кој избегна истрага во случајот тепање на жена полицаец, овој пат ќе се соочи со обвинение и ќе мора да седне на обвинителна клупа.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top