недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија

Со погодокот на Бернардо Силва по асистенцијата на Давид Силва на почетокот на вториот дел, Манчестер Сити денеска извојува минимална победа од 1-0 во дербито со Челси во најсилната англиска Премиер лига.

Со новите освоени три, „граѓаните“ имаат 18 недостижни бода предност на врвот на табелата во Англија на преостанати 9 кола до крајот на сезоната, па ќе треба да се случи вистинско чудо некој да го симне Сити од врвот и да му ја земе титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top