четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 101 ново

Шест работи што не ги знаете за Македонија

1. Се верува дека во црквите „Св. Богородица Пречиста” во Кочани, „Св. Јован Богорски” и „Св. Горгија Победоносец” во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.

2.Охридското езеро е едно од најстарите и најдлабоки во Европа. Најдлабоката точка е 288 метри, а се проценува дека е старо околу четири милиони години. Дури 200 ендемски видови живеат во него.

3.Македонија е една од земјите кои има најмногу планински врвови. Врвови на дури 34 планини се наоѓаат во Македонија, а ниту еден не е понизок од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина е Кораб чиј врв достигнува 2.753 метри.

4.Една од најпознатите хуманитарки и добитнички на Нобеловата награда, Мајка Тереза е родена во Скопје. Во нејзина чест е изграден и меморијален центар.

5.Скопје преживеа неколку големи потреси. Најголемите се случија во 518 и 1963 година кога е уништен речиси целиот град, а во 18. век австро-унгарски генерал наредил градот да се запали. Пожарот траел два дена, а неуништени остнале само градбите од камен, како тврдината Кале.

6.Вардар тече низ речиси 90 отсто од територијата на Македонија, а минува низ скоро сите поголеми градови во земјава. Најголемата река во Македонија се споменува дури и во „Илијадата” на Хомер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top