вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

Од минута во минута расте бројот на жртвите на пајакот од Мавровка (ФОТО+ВИДЕО)

Од минута во минута расте бројот на жртвите на пајакот од Мавровка, кои собраа храброст да го пријават злосторникот одговорен за претепување на полицајката пред ТЦ „Мавровка“.

Социјалните мрежи се преплавени со претепани лица, кои исто како и полицајката, сакаат да го видат зад решетки насилникот од Мавровка.

Корисниците ги повикуваат и надлежните да реагираат, меѓу кои и организациите за заштита на човековите права, но очигледно реакции нема.

Се исмева невештиот обид на министерот Оливер Спасовски да го заштити Бекир Асани, убедувајќи ја јавноста дека полицајката сама се удрила. „Кој ќе истепа најмногу пајаци ќе биде унапреден!“, е само еден од твитовите на оваа тема.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top