понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

УЈП: Директорката е болна, возачот е виновен и си плати казна

За вчерашниот случај, кога службено возило на УЈП беше кренато од пајак службата заради паркирање на велосипедска патека, од Управата за јавни приходи излегоа со соопштение во кое велат дека казната е платена од вработениот, а прекршокот не го сторила директорката Лукаревска која била отсутна поради здравствени причини.

– Во врска со јавните објави на социјалните мрежи и случајот од 1 март 2018 година, службено возило на УЈП беше подигнато од Пајак-служба пред зградата на Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, Управата за јавни приходи информира дека поради несоодветно користење, управување и грижа на службено возилото, ќе се преземат соодветни мерки против вработениот во УЈП задолжен за управување со службеното возило. Истовремено, информираме дека казната за непрописно паркирање е платена лично од вработениот, a прекршокот се случува во период на отсуство на директорката од УЈП поради здравствени причини, велат од УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top