четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Францускиот институт во Скопје организира голема регионална средба “Францускиот јазик во дигиталната ера“

Францускиот институт во Скопје организира голема регионална средба насловена како “Францускиот јазик во дигиталната ера“, којашто ќе се одржи во вторник 6 март 2018, на Технолошко-металуршкиот факултет. Настанот официјално ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, во 11 часот.
Настанот има за цел да даде модерна слика на францускиот јазик во Македонија и пошироко и да покаже дека е лесно пристапен за учење и интересен за младите генерации.

Настанот се состои од два централни елементи:

– Мини-хакатон на тема „Развој на нови алатки за изучување на францускиот јазик“ што ќе се одржи во лабораторијата на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, од 8 часот.
Истиот е наменет за ученици и студенти по информaтички науки, коишто во текот на 8 часа тимска работа во групи по двајца (програмер и графички дизајнер), ќе конципираат нови и стимулативни алатки за учење на фрацускиот јазик (апликации, видео-игри, онлајн вежби)… На крајот од денот ќе бидат прогласени најдобрите проекти и ќе бидат доделени награди;

 – Работилници/обуки за професори по / на француски јазик на тема „Иновации во наставата преку употреба на дигитални алатки“, коишто ќе се одржат во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет, од 10 часот.

За време на работилниците учесниците ќе имаат време да размислат на оваа тематика, да ги споделат искуствата, а воедно и да присуствуваат на презентација на нови дигитални алатки. Работилниците ќе ги држат реномирани гости од Франција и од земјава, а ќе се одржи и онлајн конференција во форма на вебинар која ќе биде емнитувана во целиот свет.

Настанот се одржува во рамките на прославата на Франкофонијата во Македонија, со поддршка на Францускиот институт во Париз и во соработка со Францускиот институт во Србија, Амбасадата на Франција во Косово, Амбасадата на Франција во Албанија, Фондација „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“, Центарот за едукација Seavus, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерствово Скопје, Semos Едукација и MOddou.

Сите заинтересирани имаат можност да земат учество со свои идеи за иновации во францускиот јазик преку #innovafen на Twitter.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top