четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 78 ново

Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка

Лестер Бо Мекејлеб, натурализираниот Македонец, човекот кој беше дел од легендарната кошаркарска репрезентација која го постигна најголемиот успех во македонската репрезентативна кошарка, се соочи со семејна трагедија.

Неговата мајка починала и побарал дозвола од клубот за кој настапува, шпанска Сарагоса, да се врати дома во Њу Орлеанс, САД.

Клубот му дозволил да се врати, но тој пратил одговор дека веќе не планира да се врати во редовите на Сарагоса и до крајот на сезоната нема да настапува.

Во официјалното соопштение од страна на Сарагоса беше соопштено дека Мекејлеб од приватни причини не ја продолжува соработката со клубот.

Како главен плејмекер на Сарагоса, Бо реализираше по 11.9 поени, 3.7 асистенции и 2.7 скокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top