петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 17 ново

Кирил од Скопје: Во средно ме избркаа од училиште, а денес во мојата фирма работат соученици кои беа одлични

Скопјанецот Кирил ја раскажал својата животна приказна за Скопјеинфо, која ја поврзува токму со учењето и со оценките. Сега возрасен, со насмевка на лицето се сеќава на ученичките денови. Вели уште како дете, воопшто не го сакал училиштето. Слаби оценки уште од сам почеток.

– Имав единица до единица. Одев и на продолжително, кога на сите ќе им почнеше распустот. Бев едно од најпроблематичните деца во мојата генерација. Моите родители секој ден беа во училиште. Најпрвин разговори со учителката, а потоа и со класниот раководител. Се сеќавам, едвај ме запишаа во средно училиште. Бараа врски на секоја страна. И таму беше онаа иста песна, која си ја знаев од претходно. Не одев на училиште со денови. Имав постојано слаби оценки. Во прва година ме избркаа, па морав и да го сменам училиштето, раскажува Кирил.

Ниту ќотекот од страна на татко му, ниту кавгите и забраните, не влијаеле врз Кирил.

– Моите мислеа дека од мене нема да стане ништо. Дека ќе бидам паразит, без денар во џебот ќе се влечам по улиците. Неписмен и сиромашен. Мислеа дека цел живот ќе живеам на нивен грб.

Откако завршил едвај средно училиште, во случаен разговор со татко на еден од неговите другари, добива понуда да замине во Данска, за да работи општи градежни работи. Кирил прифатил без размислување. Работел таму подолго време, па се вратил во Македонија. Потоа почнал да вози камион, за по некое време купил свој. И така од еден, денес има девет камиони и сопствена шпедиција во која има вработено околу 30 луѓе.

– Јас, оној од кој бегаа сите во училиште, не дека сум бил злобен, туку бидејќи имав слаби оценки, денеска сум работодавач на мои соученици. Оние кои беа одлични во генерацијата. Тие имаат завршено дури и факултети, но работат во мојата фирма. Јас, оној кој редеше единица до единица. После оваа приказна, едно знам, дека оценките ниту пак училиштето, воопшто не се пресудни за успехот во понатамошниот живот, додава Кирил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top