недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

„Среќна нова година“ на Турски театар в четврток на сцената на Театар Комедија

НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата СРЕЌНА НОВА ГОДИНА по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс во режија на Бојан ТРИФУНОВСКИ в  четврток со почеток во 20.00 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Режисер и драматург: Бојан ТРИФУНОВСКИ, Сценографија: Љупчо ЈОВАНОВ, Костимографија: мр. Елена ВАНГЕЛОВСКА и Антонија ГУГИНСКА ЈОРДАНОВСКА, Музика: Ади ИМЕРИ, Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА, Асистент на режија: Сибел АБДИУ.

Улогите ги толкуваат: Фунда ИБРАХИМ, Несрин ТАИР, Зубејде АЛИ, Емине ХАЛИЛ, Селпин КЕРИМ,     Џенап САМЕТ, Неат АЛИ, Аксел МЕХМЕT, Един ЈАКУПОВИЌ, Берхеда РЕШИТ.

-Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална  соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и само-соочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во ефтин зајачки костим. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта, вели режисерот Бојан ТРИФУНОВСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top