вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Објавени прашањата за вработување во „Бургер кинг“ – еве што треба да одговорите

Даниел Шварц, шеф на компанијата Ресторат брендс интернешнел, под која спаѓа и синџирот ресторани „Бургер кинг“ имал само 32 години кога пред четири години застанал на чело на компанија во вредност од неколку милијарди долари, што доволно зборува за неговите способности. За Њујорк тајмс открива кој квалитет кај работниците најмногу го цени.

-На интервјуто за вработување поставувам само едно прашање: „Дали сте паметен или работлив?“ Сакате вредни луѓе, кои напорно работат. Ќе се изненадите колкумина ми одговараат „Јас не морам напорно да работам, паметен сум“. Навистина?! Смромноста е важна, вели Шварц.

Потребата да вработува скромни луже кои вредно работат ја наследил од родителите.

-Веројатно најголемото влијание на моите родители врз мене е тоа што ме научија дека секогаш морам да ги почитувам другите луѓе. Тоа секогаш го имам предвид без разлика со кого разговарам. Светот е мало место, животот е краток, и затоа треба да бидеме добри кон луѓето. На работа никогаш не викам. Не се дерам, немам изливи на бес, вели младиот претприемач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top