недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 25 ново

Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)

По слабиот почеток на сезоната, Кристијано Роналдо се враќа во препознатлива форма, а пред неколку дена беше најзаслужен за триумфот на Реал (М) во првиот осмина-финален натпревар од Лигата на шампиони против екипата на ПСЖ.

Португалецот постигна два погодока во заслужениот триумф од 3-1, а пред почетокот на натпреварот, неговата мајка, Долорес, откри дека Роналдо е “плукнат” на неговата баба. Долорес Авеиро на својот инстаграм-профил објави фотографија од својата мајка, а фанови на португалскиот интернационалец многу лесно дојдоа до заклучок дека Роналдо има многу слични црти со својата баба.

По објавувањето на оваа фотографија на социјалните мрежи се појавија бројни монтажи со оваа слика, а многумина имаа и по некоја шега на сметка на Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top