недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

„Ролинг Стоунс“ летово на турнеја низ Европа

Пионерите на рок-ен-ролот, „Ролинг Стоунс“ ги објавија датумите на мини-турнејата што ја планираат за годинава низ Европа, односно главно во Велика Британија.

Во манири на вистинска рок ѕвезда, која веќе 55 години е на естрадата, Кит Ричардс истакна дека за нив „нема застанување“.

– Вистинско задоволство е да се свири со овој бенд. Нема запирање, допрва почнуваме!, изјави тој.

Датумите на настапите, се следни:

17 мај – Кроук Парк, Даблин,
22 мај – Лондонскиот Стадион,
5 јуни – Стадионот Олд Трафорд, Манчестер,
9 јуни – БТ Мјурифилд Стадиум, Единбург,
15 јуни – Принсипалити Стадиум, Кардиф,
19 јуни – Твикенхемскиот стадион во градот Твикенхем,
22 јуни – Олимпија стадион, Берлин,
26 јуни – Оринџ Велодром, Марсеј,
30 јуни – Мерцедес-Бенц Арена, Штудгарт,
4 јули – Летнани Ерпорт, Прага,
8 јули – ПГЕ Народови Стадиум, Варшава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top