недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 45 ново

Дуа Липа и Стормзи избрани за најдобри британски изведувачи

Наградите за најдобрите британски музичари „Brit Awards“ беа доделени синоќа во О2 арената, а вечерта ја одбележа Дуа Липа, која беше прогласена за женска уметничка на годината, како и Стормзи кој во машка категорија го победи Ед Ширан.

Покрај наградата за најдобар пејач, Стормзи за албумот „Gang Signs & Prayer“, кој го издаде минатата година, ја освои и наградата за албум на годината.

Групата „Gorillaz“ беше прогласена за најдобра британска група, додека наградата за најдобра меѓународна група им припадна на „Foo Fighters“.

Ед Ширан ја освои наградата за светски успех, а Rag’n’Bone Man за најдобар сингл „Human“.

Наградата за најдобра меѓународна пејачка ја освои Лорде, додека за најдобар меѓународен пејач беше прогласен Кендрик Ламар.

По избор на гледачите, за спот на годината беше избрано музичкото видео на Хари Стајлс за песната „Sign of the Times“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top