четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Зошто е важно детето да поминува што е можно повеќе време со баба и дедо?

Истражувањата покажале дека децата кои поминуваат повеќе време со баба им и дедо им подобро го прифаќаат поимот „стареење“ и сфаќаат дека тоа е неопходен дел од реалноста. Освен тоа, во подоцнежните години од нивниот живот, старосната дискриминација кај таквите деца нема да биде толку изразена.

Квалитетниот однос со дедото и бабата е најсилната и најинтензивната емоционална врска која децата ја развиваат покрај онаа со родителите, а предностите што децата можат да ги добијат од таквиот однос се многубројни…

1. Децата учат колку се значајни семејните врски и приврзаност
Дедовците и бабите ја чуваат семејната традиција преку тоа што раскажуваат за своето детството, детството на нивните деца, но и за обичаите и културата од нивното време. Имено, бабите и дедовците имаат богато искуство, а приказните за тоа како се живеело некогаш и мудрите совети ќе имаат позитивно влијание, бидејќи децата ќе добијат добра можност да се развијат во здрави и возрасни луѓе кои ги ценат семејните врски.

2. Родителите имаат најголема доверба во бабите
Вистинско богатство е кога можеме нашето дете да им го довериме на бабите и дедовците кои ќе им пружат многу љубов и внимание. Бабите уживаат да помагаат при чувањето и воспитувањето на децата, а тоа им е од голема помош на родителите, особено кога станува збор за новородени бебиња. Бабите и дедовците се најдобрите ментори, советници, друштво за игра и семејни историчари. Тие имаат позитивно влијание на нивните внучиња, а таа позитивна емоционална врска значително ги намалуваат симптомите на анксиозност и депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top