петок, 17 август 2018 | Вести денес: 32 ново

Федерер го декласираше Димитров за неговата 97. титула во кариерата

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер е победник на АТП турнирот во Ротердам. Toj  имаше одличен меч во финалето и го победи Бугаринот, Григор Димитров со 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.

Швајцарецот од понеделник ќе биде повторно светски број еден, а враќањето на тенискиот трон го прослави сега со освојување на титулата во Ротердам, која му е вкупно 97 во кариерата, а до крајот на сезоната може да стигне и до бројката од 100 трофеи.

Димитров немаше никакви шанси против добро расположениот Федерер, кој ги казни сите грешки на бугарскиот тенисер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top