понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Двајца загинаа, а тројца се тешко повредени во судар на лада и мерцедес

Две лица загинаа, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10 часот и 55 минути на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај селото Ропотово, општина Долнени.

Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло во судир од засега непознати причини на три возила, патничко возило „лада самара“ со битолски регистарски таблички во кое биле три лица, од кои едно женско лице на возраст од 66 години починало на лице место, потоа патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички, на местото на сообраќајката починал возачот на возилото на возраст од 69 години и третото возило кое се судрило е товарно моторно возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички во кое бил само возачот.

Патниот правец е во прекин. Возилата се пренасочуваат по споредни патишта, а во моментот се уште увид прават прилепската полиција, основен јавен обвинител, а на теренот се екипи на Противпожарната единица од Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top