недела, 22 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Министерството за култура им доделува пари на „Бернaјс Пропаганда“, а потоа ги брка од министерството

Од скандал до скандал никако да сопрат случувањата во врска со срамната распределба на средствата од страна на Министерството за култура.

По скандалот дека се одобрени пари за „Бернајс Пропаганда“, односно за нивен концерт за 27 април, за кој тие самите не знаат, еве што се случува.

-Дадовме изјава (за жал) за телевзија Телма кои пренесоа само 10% од нашата изјава во тенденциозно монтиран прилог кој ги прикрива нерегуларностите во министерство за култура. Денес не и се обраќавме на Македонска Филхармонија, туку на Министерството за култура, објаснуваат од бендот.

Тие велат дека приговорот бил насочен кон нелегитимното аплицирање на Конкурсот, кое Министерство за култура го одобрил.

– Условите се транспарентно пропишани во упатството на нивниот сајт кој вели дека апликација без согласностт или изјава на уметникот вклучен во проектот, нема да биде ниту разгледувани, а камоли одобрен. Од друга страна кога отидовме во Министерството и откако пробавме да побараме одговори и документација околу оваа непостоечка апликација не само што не ни дадоа одговор туку оние кон кои не упатија во просториите на Министерството ни кажаа дека не се запознаени со нашиот случај и не избркаа од зградата на Министерството со обезбедувањето кое е од Министерство за внатрешни работи. Откако по втор пат конечно успеавме да го верифицираме нашето барање повторно добивме нешто што е далеку од комплетна официјална документација. Одиме на трета среќа и правда, велат од бендот, а пренесува Антроплол.мк.

Токму за овие случувања пишуваа и медиумите во регионот.

Имено за концерт на македонската група „Бернајс Пропаганда“ се одобрени средства во износ од 276 илјади денари. Скандалот е во тоа што популарниот бенд воопшто не побарал ниту пари од министерството за проект, ниту пак побарал да настапува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top