сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 29 ново

Федерер се врати на врвот на АТП

Роџер Федерер на свои 36 години, 6 месеци и 11 дена одновно ќе се искачи на врвот на АТП листата како најстар тенисер во историјата, откако во денешното четвртфинале на турнирот во Ротердам го совлада домашниот тенисер, Робин Хасе со 2-1 во сетови (4-6, 6-1, 6-1).

Холанѓанецот започна неочекувано и го изненади големиот фаворит на денешниот дуел, освојвувајќи го првиот сет со врејк во 9. гем.
На тоа, во свој шампионски стил, возврати ветеранот од Базел, кој експресно израмни на 1-1 и го доби вториот сет со 6-1 по само 20 минути игра.
Одлучувачкиот сет започна перфектно за Швајцарецот, кој го освои противничкиот сервис уште на самиот старт, што му даде огромна предност во продолжението. Следуваше нов брејк и рутина во изведба на Роџер, кој стигна до лесна победа од 6-1.
Федерер го држи рекордот по бројот на поминати недели на челната позиција на АТП листата (302) и бројот на последователни недели на тоа место (237), а ќе има можност да ги зголеми овие достигнувања од понеделник, кога ќе го замени вечниот ривал, Рафаел Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top