вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Кој му го посла тепихот во нива? (ФОТО)

Прес-службата на Владата информира дека премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги посети винариите Лепово во Неготино, Попова Кула и Кралица Марија во Демир Капија.

Традиционално, по повод денешниот празник, премиерот Заев учествуваше во закројување на лозјата во винарницата Попова Кула во Демир Капија, а присуствуваше и на дегустација и лицитација на повеќе видови на вино од хуманитарен карактер, во винарницата Кралица Марија во Демир Капија.

Сепак, она што им падна во око на корисниците на Фејсбук не е ниту изборот на винариите, ниту фатот на премиерот со ножиците за поткастрување, ниту друштвото со кое бил туку црвениот тепих послан среде лозјето, кој од традиција го претвори настанот во пародија.

Корисниците на Фејсбук главно се крстат и се чудат, па среќа во несреќата црвениот тепих да лежи послан среде нива е што овој гаф во кој е вклучен премиерот, засега минува безболно.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top