среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 6 ново

„Ејџ-би-о“ ќе снима серија по сценарио на Македонецот Марјан Алчевски

Европскиот канал „Ејч-би-о“ ќе снима серија од шест епизоди, за којашто сценариото го напиша македонскиот автор Марјан Алчевски кој живее и работи во Загреб. Оригиналната серија ќе ја режира оскаровецот Данис Тановиќ.

Дејството на серијата наречена „Успех“ е сместено во Загреб и ќе следи приказна за четворица странци, кои ги спојува еден насилен настан. „Успех“ се опишува како мрачна дисекција на денешното општество, повеќеслојна драма која е фокусирана на ликовите.

Алчевски, кој веќе долги години живее во Загреб, на овој начин ќе го реализира проектот со кој беше еден од победниците на конкурсот „Прв избор“ на „Ејч-би-о Јуроп“. Неговиот прв значаен меѓународен успех беше сценариото за документарниот филм „Плати и жени“ од 2009 година, во режија на Атанас Георгиев. Од 2006 до 2007 година тој го пишуваше сценариото за тв-серијата „Цимер фрај“, а последните десетина година соработувач со детската и образовната програма на ХРТ. Напишал повеќе од 150 сценарија за различни емисии и формати.

Ви го пренесуваме интервјуто на Марјан Алчевски во кое тој говори за тоа како работел на новата серија, за мотивациите кои ги има додека пишува и за сериите кои го одбележиле неговиот живот.

Победи на натпреварот кој го организираше „Ејџ-би-о“. Честитки! Како се чувстуваш?

АЛЧЕВСКИ: Благодарам! Многу сум среќен и горд. Возбуден сум и уживам во пишувањето на серијата. И многу сум нервозен и загрижен бидејќи конечно добив шанса која отсекогаш сум ја посакувал, па сега живеам во страв дека ќе напишам нешто глупаво.

Како реши да се натпреваруваш? Дали некој ти помогна?

АЛЧЕВСКИ: Тој натпревар не смеев да го пропуштам. Уште пред тој да се одржи, имав шанса да ја презентирам серијата која тогаш ја работев за „Ејџ-би-о“, но тој проект не им се допадна. Во првиот контакт многу ми помогна продуцентот Синиша Јуричиќ од „Нуклеус филм“. Кога го објавија натпреварот, за мене беше поправен испит.

Колку долго работеше и што те мотивираше да напишеш сценарио кое ќе победи?

АЛЕЧЕВСКИ: Мислам дека главна мотивација ми беше стравот и чувството на несигурност на овие простори сиве овие години. Но, многу ми беше важно да напишам сценарио кое по структурата и по динамиката навистина ќе делува како вистинско сценарио за возбудлива тв-серија, бидејќи сметам дека „Ејџ-би-о“ е една од мрежите која знае да ги цени тие работи. Со години се подготував дека еден ден ќе напишам нешто на таа тема и со тие ликови и ќе ја почнам нивната приказна. Така што, само пишувањето на сценариото траеше реалитвно кратко.

Знаеше дека ќе победиш?

АЛЧЕВСКИ: Не. Ниту пак мечтаев за тоа. Едноставно не смеев. Сценариото за првата епизода на „Успех“ е многу интересно и многу знаење, вештина и емоции вложив во пишувањето. Но, не е лесно да се заклучи за што ќе се говори во серијата врз основа на само една епизода. Така што драго ми е што „Ејџ-би-о“ ги заинтересира првата серија.

Сакаш да пишуваш сценарија за филмови или за серии?

АЛЧЕВСКИ: Не сум во можност да одбирам. Постои дел од сценаристите кои работат само на серии, кај нас и кои не сакаат или не мораат да пишуваат и за филмови. Јас не сум еден од нив. Филмот овде е исклучиво режисерски медиуми. Тоа значи дека просторот на сценаристите во игран филм им е многу ограничен. Кај сериите ситуацијата е многу поинаква. Затоа би ги избрал сериите. За среќа, не морам да одбирам.

Што претставува за тебе пишување сценарија?

АЛЧЕВСКИ: Пишување сценарија е шанса да им кажам нешто на гледачите и тоа да го направам на начин на кој од една страна е возбудлив и интересен, а од друга страна е важно тоа што имам да го кажам. Но, тоа е кога серијата или филмот ќе се прикажуваат. Голем дел од мојата работа е да ги уверам продуцентите, режисерите и оние кои го финансираат филмот или серијата дека вреда да вложат пар и енергија во сценаритото кое го пишувам. Така што, морам да балансирам меѓу она што имам да го кажам и тоа да биде интересено за публиката додека се обидувам да го „протнам“ сценариото од фаза на развој во фаза на продукција.

Што сакаш повеќе да гледаш, серии или филмови?

АЛЧЕВСКИ: Мислам дека сериите во последните 10 години на сите нас ни станаа поинтересни. Се почесто разговараме за нив и многу е полесно да најдеш серии кои ти се допаѓаат и кои ти одговараат. Ако не сакаш блокбастери или фестивалски филмови, тогаш изборот на филмови ти е сведен можеби на три или четири филма годишно. Кај сериите имам на што да се веселам бареш еднаш неделно. Кај филмовите можеби еднаш во два месеци.

Какви серии сакаш да гледаш?

АЛЧЕВСКИ: Сакам серии кои се држат до својот жанр од една страна и кои се обидуваат да понудат малку повеќе од жанрот, од друга страна. Значи, драмски серии кои имаат женровски обележја. Кога некој знае да направи добра жанровска серија, па после и да направи нешто добро кое го надминува самиот жанр, тогаш сум многу среќен. Сакам кога се грижам за ликовите и за нивните судбини и одлуките кои мора да ги донесат.

Повеќе сакаш да ги изгледаш одеднаш или сакаш да гледаш една серија неделно?

АЛЧЕВСКИ: Поради обврските на работа и со семејството, многу ретко може да изгледам повеќе од две епизоди одеднаш. Да излгедам една сезона одеднаш ми е супер исто како да скокнам со падобран. Но, штосот е во тоа што не можам да ги постигнам двете работи. Затоа уживам во неделниот распоред, ја сакам фрустрацијата по завршуваше на една епизода со нетрпение да ја очекувам следната.

Кои серии го одбележаа твоето детство?

АЛЧЕВСКИ: Не е можно да издвојам само една. Monty Python’s Flying Circus, „Сив дом“, The X-Files, Star Trek: The Next Generation, „Подобар живот“, Beverly Hills, My So-Called Life, Space: Above and Beyond.

Која серија моментално ја гледаш?

АЛЧЕВСКИ: The Leftovers  е дефинитвно серијата која најмногу ме радува во овој период. Исто така со нетпрение ја чекам последната сезона на Halt and Catch Fire.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top