понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 30 ново

Антонио Бандерас ќе го глуми Пикасо

Шпанскиот актер Антонио Бандерас ќе го толкува ликот на славниот сликар Пабло Пикасо во серијата „Генијот Пикасо“ и во филмот „Герника 33 дена“.

И двајцата се родени во Малага и Бандерас во детството секое утро кога одел на училиште, поминувал покрај родната куќа на Пикасо, но не сакал да го глуми на филм бидејќи сметал дека јавноста многу ќе го критикува.

По неколку години убедување Бандерас се согласи да го глуми Пикасо во ТВ-серијата од десет епизоди „Генијот Пикасо“ во режија на оскаровецот Рон Хауард, како и во филмот за антивоеното ремек-дело „Герника 33 дена“, што ќе го режира Карлос Саура.

Бандерас за АФП раскажува дека кога се преселил во Лос Анџелес, ја запознал ќерката на Пикасо.

„Почнав да зборувам на шпански со неа и по некое време, таа ги затвори очите и си помислив: ‘О, Боже, јас сум ѝ досаден на женава’. Ја прашав дали е уморна, а таа рече: ‘Не, воопшто не. Кога ги затворам очите, можам да го видам татко ми бидејќи зборуваш со истиот акцент како и тој. Татко ми зборуваше како тебе’“, вели актерот.

Серијата, која ќе се емитува во 10 продолженија ќе почне да се емитува на 23 април во Франција, а во САД еден ден подоцна.

Бандерас мора секој ден да помина пет часа во шминкање за да изгледа како Пикасо во поодминати години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top