четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 112 ново

Драма на Попова Шапка: Двајца Французи се изгубиле, полицијата ги пронашла премрзнати

Во тетовската полиција денеска околу 15 часот е пријавено дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка.

Полициски службеници започнале со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силната снежна бура. Некаде околу 17 часот и 50 минути, тие се пронајдени здрави и живи, но забележително премрзнати и со ратракт се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.

Пред неколку дена, полициски службеници од ПО Маврово, на регионалниот пат Маврово-Галичник извлекле двајца американски државјани, кои со возило заглавиле во снегот и кои, исто така, не знаеле каде точно се наоѓаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top