четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

На Клиниката за дестски болести ќе се ангажираат 20 нови медицински сестри со договор на дело

Нови 20 медицински сестри ќе бидат примени на хематолошкото одделение и за Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Откако во понеделникот на еден ден беше затворено хамтаолошкото одделение, министерот рече дека разговарал со директорката на Детската клиника Катерина Ставриќ, а ќе бидат обебзедени дополнителни средства од ФЗОМ за оваа цел.

– Веќе се обезбедени дел од средствата и од Детската клиника, но и екстра средства од ФЗОМ. Направивме анализа заедно со Министерството за труд и социјална политика и идентификувавме огромен број невработени сестри. Верувам дека ќе можеме да најдеме кадар кој ќе работи во овие одделенија. Хематолошкото одделение се затвори за да не дозволиме никаква импровизација додека нема доволен број луѓе – изјави министерот Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top