среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 96 ново

Ќазим Асотиќ е новиот в.д. директор на МОБ

Нов в.д. директор на Македонската опера и балет (МОБ) е фаготистот Ќазим Асотиќ со 30 годишен стаж во оваа национална установа.

Музичарот на функцијата доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Илија Рајковски.

Тој е назначен на функцијата во петокот, а вчера покрај примопредавањето на функцијата имал и заедничка средба со директорите на операта и балетот, Бисера Чадловска и Олга Панго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top