недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 16 ново

Католичката црква во Германија ја тресе скандал за проневера на 60 милиони долари

Католичката црква во Германија се соочува со скандал за проневера на црковни пари во износ од 60 милиони долари, соопшти заедничкиот истражувачки тим на јавни сервисери НДР и „Вестдојче Рундфунк“ (ВДР), како и дневниот весник „Зидојче цајтунг“.

– Сега веќе поранешен вработен во бискупијата Ајшает и негов соработник, вложиле речиси 60 милиони долари во ризична зделка со недвижности во САД, јавува јавниот сервис на својата интернет страница. Според тие информации, државното обвинителство во Минхен поаѓа од тоа дека финансиската штета за бискупијата изнесува „најмалку 56 милиони долари“. Двајцата осомничени, кои се обвинети за проневера и примање и давање мито, од минатата недела се наоѓаат во истражен затвор.

Финансиската загуба за бискупијата е значителна, со оглед на тоа што проневерената сума претставува 15 отсто од финансиските резерви на установата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top