вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 120 ново

Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката која почина во болницата „Санте Плус“

Јавно обвинителска одлука во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје ќе биде донесена по прибирање на потребната документација и по добивање на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина.

– Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредби за прибирање на потребната документација и податоци, соопшти Јавното обвинителство.

По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, како што е посочено во соопштението, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top