петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 7 ново

Детали за инцидентот во Чаир: Го удриле од зад грб, па го испукале на сред улица

Во текот на вчерашниот ден во периодот околу 15 часот и 30 минути, било пријавено дека на крстосницата од улиците “Никола Малешевски“ и “Благоја Паровиќ“, во непосредна близина на објект во изградба, од страна на две лица бил нападнат 41-годишниот А.Т. од Скопје.

Едно од лицата со тврд предмет го удрило во пределот на грбот, а другиот со огнено оружје испукал неколку куршуми во пределот на долниот дел од телото. Веднаш потоа, лицата го напуштиле местото на настанот.

А.Т. со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош од страна на лекар и му биле констатирани и тешки телесни повреди и тоа две прострелни рани и една скршеница во пределот на потколеницата од левата нога и една прострелна рана од огнено оружје во пределот на надколеницата од десната нога.

Поради серозноста на повредите, А.Т. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс Клинички “Мајка Тереза“. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top