петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 102 ново

Официјално: Вардар соопшти кој ќе биде наследникот на Раул Гонзалес

Шпанецот Роберто Гарсија Парондо од следната сезона ќе биде нов тренер на Вардар, како наследник Раул Гонзалес, објави РК Вардар на својот официјален профил. Парондо доаѓа од женската екипа на Вардар каде е помошник тренер и во следните две сезони ќе го предводи машкиот европскиот првак од клупата.

По долго размислување и шпекулации челниците на клубот одлучија „кормилото“ на европскиот првак да му го доверат на сонародникот на Гонзалез, кој направи вистинско чудо со македонскиот тим. Парондо со Раул соработуваа во ракометната репрезентација, беше дел од стручниот штаб на последното ЕП во Хрватска.

Со назначувањето на Парондо за тренер продолжува низата од шпански стратези на клупата на „црвено-црните”.

Тој е поранешен ракометар на Валјадолид, Адемар Леон, Сиудад Реал, а има настапувано и за ПИК Сегед и Будакалаш, два тима од Унгарија. Со Адемар Леон го освои КПК во 2005, со ПИК Сегед го освои ЕХФ купот, а со Атлетико Мадрид го освои Супер Глоуб во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top