среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

ОЈО побара укинување на притворот и на Божиновска

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара поблага мерка и за вработената во собраниските служби Елена Доцевска Божиновска.

Побарано е мерката притвор да се замени со куќен притвор.

Претходно Обвинителството побара од куќен притвор да биде ослободена и пратеничката Жаклина Пешевска и да се замени мерката притвор со куќен притвор за оперскиот пејач Игор Дурловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top