вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 57 ново

Децата ќе подготвуваат оброци во „Јавна соба“

В недела во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ деца ќе подготуваат оброци. Создавањето на програмата “Social Sunday” на Јавна соба е пресликано во неделно дружење за сите генерации исполнето со кретивни и интерактивни катчиња за сите возрасти на деца.
Едукативната програма за деца се состои од четири работилници: направи своја тестенина, дизајн размислување и моделирање со глина. Најмладите на возраст од 2 до 5 години уживаат во дрвените играчки во ќошето наречено „Мелиса и Даг”.


Готвачите од „Јавна соба“ ги учат децата како од базични намирници (брашно, јајца, маслиново масло, свеж босилек и сл.) да подготват тестенини по нивни вкус. Готвачите се ментори кои вешто ги водат децата во процесот на месење на тестото, сечење на резанки со мануелна машинка, варење на тестенината “al dente” и комбинирање со зеленчуци за да се добие еден одличен оброк кој со сласт и гордост се конзумира. За оние деца кои не се љубители на зеленчукот ова е вистинска терапија, бидејќи изборот децата го прават од свежи и здрави намирници: лук, кромид, брокула, карфиол, домат и сл. Дополнителна мотивацијата за младите кувари е дека најдобриот рецепт ќе се најде на менито во ресторанот во „Јавна соба“.

„Јавна соба“ продолжува со развој на програмата за информално образование од најрана возраст и стекнување на здрави навики за урбано живеење.

Пријавувањето за работилниците се врши веб страната на „Јавна соба“: http://publicroom.org/workshops/social_sunday.html

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top