среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Жаре и Нина на листата на „Форбс“ на највлијателни млади луѓе во Европа

Жарко Димитриоски (28), основач на маркетинг-агенцијата „Еден на еден“, и Нина Ангеловска (29) – основач на „Групер.мк“, се најдоа на европската листа на „Форбс“ на најдобри претприемачи под 30 години.

Димитриоски е избран во категоријата Медија и маркетинг, а Ангеловска во категоријата малопродажба и е-трговија. Тие вчера присуствуваа на свеченоста во Лондон каде што официјално беа објавени 300 највлијателни луѓе во Европа под 30 години во 10 категории.

„По седум години напорна работа, стотици поминати предизвици, тони вложена енергија на сите страни и по бројни признанија кои секогаш се непроценлива мотивација на седмиот роденден на ‘Групер’ го достигнав најголемото до сега – ‘Форбс андер 30’. Дали денов е коинциденција, универзумот или седмицата е среќна бројка, не знам, ама знам дека се чувствувам прекрасно и многу благодарно. За првпат Македонија ја има во листата, и тоа дури со двајца претставници. Јас и Жарко ‘Еден на еден’. Шансите за влез се 3-6% од ијадници номинации, односно шансите за влез во ‘Форбс андер 30’ се помали од ‘Стенфорд’ и ‘Харвард’. Се надеваме дека Македонија е горда и ќе го препознае ова големо признание“, напиша Нина на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top