среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Перо Антиќ се појави со ретко виден „ѕвер“ вреден 200 000 евра (фото)

Кошаркарите на Црвена звезда на првиот собир пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната се појавиле со куп луксузни автомобили за кои обичниот човек може само да сонува, но останале без здив кога на паркингот се појавил нашиот Перо Антиќ со својот – ретко виден „ѕвер“, објави порталот Спорт 1.

Додека традиционално подобро платените играчи на црвено-белите возат скапоцени автомобили од марките Мерцедес, БМВ, Ренџ Ровер и други, македонскиот интернационалец може да се види во Ферари Калифорнија.

Станува збор за автомобил вреден околу 200.000 евра, според пишувањата на српските медиуми, кој до 100 километри на час достигнува за само 3,5 секунди, а максимална брзина му е 315 километри на час.

Антиќ одамна важи за вљубеник во скапи автомобили, а пред сѐ како колекционер на миленичиња на четири тркала од американската марка Мустанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top