недела, 22 април 2018 | Вести денес: 73 ново

Нов рекорд: Меси е најдобриот на сите времиња (видео)

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, забележа нов рекорд во својата импресивна кариера.

Барселона, синоќа на „Аноета“ во Сан Себастијан, го победи Реал Сосиеда 4:2, а Аргентинецот постигна брлијиантен гол од слободен удар во 85.минута, што беше него 366.гол во најдобрата шпанска лига (Ла Лига).

Меси со овој гол на вечната листа го престигна Герд Милер, кој во периодот од 1964 до 1979 година за минхенски Баерн забележа 365 гола. Овој рекорд се однесува на бројот на постигнати лигашки голови за еден клуб во најсилните пет европски национални првенства (Германија, Шпанија, Италија, Франција, Англија).

Во тековната сезона, Меси, на 19 одиграни натпревари има постигнато 17 гола, а Барселона со победата над Сосиедад го искористи киксот на мадридски Реал и сега има девет бода повеќе од Атлетико, 11 повеќе од Валенсија и неверојатни 19 бода повеќе од најголемиот ривал Реал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top