четврток, 24 мај 2018 | Вести денес: 41 ново

Икеа: Да ни се мочате за попустот

Шведскиот гигант и порано знаел да направи контроверзни реклами и адвертајзинг потези но е скроз нејасно каква тоа голема нужда ги натерало во нивната прва маркетиншка финта во 2018 да искористат мала нужда.

Во нивниот најнов каталог имаат реклама за детско креветче. Таа страница односно понуда доаѓа со вграден тест на бременост кој функционира како класичните тестови, само што овде бременоста се манифестира со откривање купон со детали за попустот.

Што значи, ако муштериката е бремена, ќе треба тоа (и такво) ливче да го однесе во дуќан за да добие попуст, а ако не е бремена, ќе треба по дома да објаснува зошто го измочала каталогот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top