петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

САД издадоа предупредување поради можни закани од тероризам на Косово

Американскиот Стејт департмент ги предупреди своите државјани кои планираат да патуваат на Косово да бидат дополнително внимателни поради закани од тероризам.

„Терористичките групи продолжуваат да планираат можни напади во регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово“, пишува во соопштението на Стејт департментот што го пренеси и американската амбасада во Приштина.

Како што понатаму додаваат, „терористите би можеле да нападнат со малку или без никакво предупредување, а можни цели да бидат туристички локации, транспортни центри, пазари, трговски центри, објекти на локалната управа, хотели, клубови, ресторани, религиозни објекти, паркови, спортски и културни настани, образовно институции, аеродроми и други јавни површини“.

Во соопштението пишува дека „политички мотивирано насилство се јавува ширум Косово“.

Освен тоа, Американците се предупредуваат да ги разгледаат патувањата на северот на Косово, поради „граѓански немири“.

„Тензиите меѓу заедниците на северот на Косово продолжуваат да поттикнуваат насилство, демонстрации и други видови на немири во Северна Митровица, Зубин Поток и Звечани“, наведува Стејт департментот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top