среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Последен продолжен викенд во јануари: Потоа со месеци нема спојување

Во претпоследната недела на јануари доаѓа уште еден продолжен викенд за верниците од православна вероисповед. Петок, 19 јануари е неработен ден за православните верници бидејќи тогаш ќе се одбележува Богојавление, Водици.

Сите неработни денови до крајот на годината

За сите граѓани

– 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
– 1 мај (вторник), Ден на трудот,
– 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
– 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
– 2 август (четврток), Ден на Републиката
– 8 септември (сабота), Ден на независноста
– 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
– 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
– 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

– 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
– 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
– 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
– 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

– 2 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
– 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
– 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top