вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Пожар беснее во кулата на Трамп во Њујорк, доведен во опасност домот на претседателот (фото – видео)

Голем пожар изби на еден од последните спратови на Кулата Трамп во Њујорк, објавија американските медиуми. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот. За сега нема информации за причината за пожарот.

Седиштето на бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е облакодер од 58 ката во центарот на Менхетн, каде се наоѓа и домот на семејството Трамп, кој според дел од американските медиуми е во опасност да го зафати огнената стихија која има зафатено голем дел од кулата.

Покрај луксузни станови во Кулата Трамп во Њујорк голем број компании имаат свои седишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top