среда, 15 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Трамп: Ким Џонг­ – ун знае дека воопшто не се шегувам

­ Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е отворен за разговори со Ким Џонг­ ун, кој им се закани на САД со нуклеарни напади, додавајќи дека севернокорејскиот лидер знае оти тој „не се шегува“.

Трамп пред новинарите во Кемп Дејвид истакна дека „секогаш верува во разговор“.

– Знае Ким дека не се шегувам ниту малку, ниту еден отсто, нагласи американскиот претседател.

Тој оцени дека договорот меѓу Северна и Јужна Кореја да разговараат за претстојната Олимпијада и други прашања, претставува „добар почеток“.

– Ако нешто произлезе од тие разговори тоа ќе биде голема работа за целото човештво, истакна Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top