вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Ердоган и Бојко Борисов ја отворија „Железната црква“ во Истанбул

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, денеска ја отворија православната црква „Свети Стефан“, во историјата попозната како „Железната црква“ во Истанбул, по седум години реставрација. Притоа турскиот претседател изјави дека црквата стара 120 години претставува единствен пример на црква изградена од железо.

Овој храм е во форма на крст и е изграден на брегот на истанбулскиот залив Златен рог во 1898 година со 500 тони ковано железо од Австрија. Реставрацијата која почнала во 2011 година чинела 2,9 милиони евра.

Ердоган додаде дека црквата претставува еден од најновите примери на напорите на Турција да ги обнови црквите, капелите и синагогите.

Пемиерот Борисов возврти дека Бугарија ќе работи на нормализација и унапредување на односите меѓу Еверопската унија и Турција, откако Софија од 1-ви јануари го презеде претседателството со Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top