понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Кривична за момче од Крушево: Турнал полицаец, се обидел да го извлече притворениот другар од полициско возило

Полицијата поднесе кривична пријава против М.А.(19) од село Јакреново, Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

М.А. оттурнал полицаец и се обидел да го извлече од полициско возило својот другар кој полицијата го привела откако утврдила дека нема лична карта и возачка дозвола и управува нерегистрирано возило.

Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, на 28­-ми минатиот месец, околу 23 часот во Македонски Брод, на улица „Маршал Тито“, во близина на објектот на поранешниот „Тутунски комбинат“, полициски службеници сопреле возило „БМВ“, управувано од Е.А. од село Дебреште.

Откако констатирале дека возилото не било регистрирано, а возачот не поседувал соодветна возачка дозвола, ниту документ за лична идентификација, го
привеле за утврдување на идентитетот, при што пријавениот, којшто бил сопатник во возилото, го оттурнал полицискиот службеник Д.Д., и се обидел да го извлече Е.А. од службеното возило, наведува МВР во редовниот Билтен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top