вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 39 ново

Перо Антиќ: Ќе играм за Македонија ако си замине Пеце

Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ, порача дека не би се вратил во националниот тим додека федерацијата ја води раководство кое си лечи комплекси. Тој во интервју за српската телевизија “Спортклуб“, изјави дека вратата за настап во македонската репрезентација не му е затворена, но враќањето го условува со промени во Македонската кошаркарска федерација, односно промена на првиот човек, Петар Наумоски.

– Ќе почекаме да видиме што ќе биде со раководството. Додека е ова раководство во федерацијата, не размислувам за враќање во репрезентацијата. Иако станува збор за играње за мојата држава, тоа раководство само чека да направи некои проблеми и да си ги лечи своите комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација. Засега, моето враќање во националниот тим е статус-кво, изјави Антиќ.

Околу наградата за кошаркар на годината која не дојде никој да ја прими во негово име, Антиќ има свој коментар.

– Им благодарам, но ете им ја оставив наградата, нека си ја чуваат, додаде центарот на Црвена звезда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top