среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Еве што мисли Дачиќ за секс сцената на Јана во „Сенките над Балканот“: Јас би… (видео)

Водителот Огнен Амиџиќ на едно место ги собра нашата актерка Јана Стојановска, која ги размрда балканските страсти со провокативната секс сцена во серијата „Сенки над Балканот“ со актерот Гордан Кичиќ, Ивица Дачиќ и Харис Џиновиќ, па ја пушти споменатата скокотлива сцена за заедно да ја коментираат.

Нормално, за тоа првин побара дозвола од Јана. Откако што ја изгледаа, следеа коментари.

– Хари? Одлична глума! – рекол Огнен Амиџиќ.

– Добра! – рекол Џиновиќ, а тогаш се вклучил и Дачиќ.

Амиџиќ констатирал дека Јана својата сцена ја изгледала полесно од сите во студиото, а таа на ова одговорила.

– Ја сакам оваа сцена. Би ја гледала уште 100 пати – рекла Јана.

– И ние би ја гледале, не е тоа проблем – рекол Дачиќ, насмевнувајќи се на коментарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top