понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 82 ново

Крваво утро во фабрика за слатки во Москва (видео)

Најмалку едно лице загинало, а неколку се повредени во пукање во фабрика за слатки во Москва, кога поранешен сопственик на фабриката отворил оган.

Пукањето почнало кога поранешниот сопственик Илја Аверјанов, после караница отворил оган и убил еден човек.

Според најновите информации, мажот кој загинал е работник од обезбедувањето.

„Во зграда број 20 во Иловајска улица двајца мажи се скараа поради работни проблеми. Еден повлече пиштол и пукаше во другиот, а овој останал мртов на место“, стои во соопштение на прес службата на полицијата во Москва.

Медиуми јавуваат дека пукањето се случило во фабрика за слатки „Менјшевик“ и дека директорот на таа фабрика пукал во соработниците.

Според неофицијални информации, меѓу повредените се извршители, кои наводно дошле да ги наплатат долговите на фабриката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top