недела, 22 април 2018 | Вести денес: 73 ново

Пукање во Москва: Има жртви и заложници

Според извештаите на руските медиуми, работник го застрелал својот соперник во московска фабрика за кондиторски производи. Потоа, тој зел неколку луѓе за заложници.

Тековните информации одат во насока на тоа дека директорот на фабриката лоцирана во југоисточниот дел на Москва застрелал еден од своите бизнис ривали. Во пресметката, едно лице го загубило животот, а неколкумина се повредени.

Убиецот потоа зел неколку луѓе за заложници и се скрил во објектот на фабриката Маншевик. Полицијата во моментов се обидува да стапи во контакт со него, соопштија локалните власти.

Според податоците, киднаперот и убиец засега нема никакви барања.

Локални медиуми пренесоа дека меѓу повредените се и судски извршители кои дошле во фабриката за да го решат прашањето во врска со нејзините финансиски проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top