среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Четири месеци по породувањето Серена Вилијамс се враќа на тениските терени

Четири месеци по породувањето тенисерката Серена Велијамс се враќа на теренот. Противничка во егзибицискиот меч, во рамките Абу Даби ќе и биде победничката на Ролан Гарос, Литванката, Јелена Остапенко.

Во својот последен настап, пред да го објави повлекувањето поради бременост, Серена Вилијамс на Австралија Опен, во Мелбурн, го освои својот 23. поединечен Грен слем, откако во полуфинлето ја надиграла Мирјана Лучиќ-Барони. Но, кога ја објави веста за повлекувањето, денес 36. годишната Серена Вилијамс, вети дека на „Австралија опен“ во 2018 година ќе ја брани титулата.

Иако уште нема службена потврда за тоа, директорот на Отвореното првенство на Австралија. Крег Тили, изјавил дека „има многу шанси“ на 15. јануари Серена да заигра во Мелбурн Парк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top