четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Охрид најавува дисконтни цени за загадените градови

Битолчани, скопјани, тетовци, гостиварци, кумановци од идната година ќе можат да поминуваат празници и викенди во зимскиот период во Охрид по пониски цени. Да одмараат но и да дишат чист воздух покрај Охридското езеро. Локалната веќе е во преговори со угостителите и хотелиерите за овој новитет.

„Значи намалување на цените за градовите кои што имаат висока загаденост за сите гости од тие градови да може да дојдат во Охрид по намалени цени на таков начин Охрид да покаже една гостопримливост која што секако ја имаме како град а во овој случај малку и хуманитарен аспект“, вели градоначалникот Јован Стојаноски.

Охрид за празниците е букиран до последно место. Годинава масовниот дочек на охридскиот плоштад ќе биде скромен бидејќи немало предвидени средства од претходната власт, но за идната ќе се планира побогат во координација со угостителите.

-„За следната година заедно со локалната економска заедница не сакаме ништо без нив да направиме ќе се договориме дали е потребно, дали би му значело на Охрид носење на некоја голема ѕвезда и дали тоа не би го намалило нивниот промет кој го остваруваат за Новогодишните празници“, додава Стојаноски.

Рано утрово за прв пат Дедо Мраз слета на Охридскиот аеродром Свети „Апостол Павле“. Таму го дочекаа децата од охридските градинки кои добија новогодишни пакетчиња.

Извор: Канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top