недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 44 ново

Што се случи со Наташа, девојчето со рендгенски очи? (ВИДЕО)

Што се случи со девојчето со рендгенски очи, кое беше прогласено за чудо на науката и на природата? Каде е денес Наташа и дали некој ја користи нејзината дарба и во какви цели?

Тим од реномирани медицински експерти вршел испитувања врз Наташа Демкина од Саранск кај Москва, уште пред петнаесетна. За експериментите со десетгодишното девојче, кое има способност да ја види внатрешноста на човековото тело, се подготвувала група истражувачи неврофизиолози, психијатри, а се барале и пациенти со „изненадувања” во организмот.

Според рускиот весник “Комсомолскаја правда”, екипата ја предводел шефот на Центарот за реконструктивна медицина во Москва, професор Вјачеслав Звоников, кој повеќе од 20 години ги проучува луѓето со исклучителни способности.

За да се увери во руската приказна за девојчето со несекојдневна дарба, британскиот таблоид „Сан“ спровел експеримент во Лондон, на кој учествувала новинарката Брајана Ворден, која неколку месеци претходно доживеала тешка сообраќајна несреќа. Младата Русинка успеала да ги открие кај новинарката сите повреди на коските, трагите од зараснатите рани и туѓите тела што останале во телото по реконструктивната хирургија.

Човек да не поверува! Како да ја гледаше мојата рендгенска снимка, возбудено изјавила британската новинарка, која признала дека во почетокот на експериментот многу се сомневала.

Наташа е родена во 1987 година. Иако било многу брзо учела, Наталија (Наташа) немала други очигледни способности и дарги и била сосема обично дете, а нејзината мајка Татјана тврди дека дарбата ѝ се појавила по операцијата на слепо црево кога имала десет години. Хирурзите притоа го заборавиле тампонот во раната, што довело до сериозни компликации и нова операција. Откако закрепнала и се вратила дома, Наташа ѝ рекла на мајка си дека во нејзината утроба гледа „гравчиња, домат и правосмукалка“, мислејќи на бубрезите, срцето и стомакот.

Мајката решила да ја однесе на лекар за да ѝ дадат објаснување за чудната способност на нејзината ќерка, меѓутоа лекарите ја испратиле кај психијатар. Лекарот заклучил дека девојчето е сосема нормално, а за возврат дознал дека има чир на желудникот. Воодушевен од способноста на Наташа, ѝ рекол на мајката дека тоа е „нашата идна Ванѓа“, која непосредно пред смртта предвидела дека неколку месеци по нејзината смрт исцелителната дарба ќе премине кај девојче кое живее во непозната земја.

Дали тоа девојче е навистина Наташа?

– Долго ја криевме способноста на нашата ќерка, меѓутоа нејзината единственост сепак се појави во јавноста, вели таткото Николај, кој додава дека откако се расчуло за дарбата на Наташа, веќе немаат мир од новинари.

Според зборовите на Наташа, таа има два погледи – еден обичен, како и кај другите луѓе, и другиот, кој ѝ овозможува да го види човекот најдлабоко, сѐ до клетките, и може да препознае дури и бактерија или вирус.

Наташа може да го вклучи „другиот поглед“ кога ќе посака, по неколку минути концентрација, но само дење. Подолгите сеанси, признава, многу ја исцрпуваат и често од нив ја боли глава. Самата, пак, таа не може да се види. Нејзината дарба веќе е проверена со голем број експерименти во локалната болница.

Често се случувало нејзините дијагнози да не се совпаднат со дијагнозата на лекарите, меѓутоа по дополнителните испитувања секогаш се покажувале како точни. Така, на еден пациент, кому лекарите му кажале дека истовремено е болен и од туберкулоза и од карцином, Наташа му открила дека има само туберкулоза. Лекарите подоцна ја признале грешката.

На друг пациент му открила тумор во мозокот.

Кај едно момче пронашла дека има три бубрези, од кои два биле зараснати. Го посоветувала да не ги оперира додека работат нормално, иако лекарите му го препорачувале спротивното. Лекарите со задоволство доаѓаат кај Наташа за да се консултираат со неа, а се случува посетители во ред да чекаат пред вратата на станот на семејството Демкин, а телефонот постојано ѕвони.

-Не можам да ги одбијам луѓето и затоа понекогаш сум многу изморена, а некои подоцна не знаат ни благодарам да кажат, вели девојчето.

Наташа сонувала да стане лекар за да може постручно да им помага на луѓето, а се запишала на студии по медицина во Москва.

-Кога ќе ги научам медицинските термини, ќе можам да дадам точна дијагноза. Морам да го знам и разбирам тоа што го гледам, бидејќи тоа ќе ми ја олесни работата со луѓето, изјавила Наташа.

Наташа дилопмирала на Државниот медицинско-стоматолошки универзитет во Москва во 2004 година, а од 2006 година работи во Центарот за специјална дијагностика на Наталија Демкина, чијашто цел е дијагностицирање и лекување на болести во соработка со „експерти кои поседуваат невообичаени способности, народни лекари и професионалци од традиционалната медицина“ и се повлекува од јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top